Балканленд

После 12 години објавени детали од обдукцијата на Ксенија Пајчин

Српски „Курир“ дојде до обдукцискиот извештај собраните докази кои откриваат што се случило пред 12 години, кога Филип Каписода ја уби својата девојка Ксенија Пајчин, а потоа и себеси.

Смртта на пејачката Ксенија Пајчин, која на 16 март 2010 година ја уби нејзиното момче Филип Каписода во стан на улицата Никшичка во Белград, 12 години беше обвиткана со мистерија. Во јавноста со години се шпекулираше како големата љубов на оваа позната двојка се претворила во уште поголема трагедија. Одговори на многу прашања дава извештајот од обдукцијата, како и сите докази собрани по трагедијата до кои „Курир“ имаше ексклузивен увид.

Во извештајот од обдукцијата се наведува дека смртта на Ксенија Пајчин настапила меѓу 14 и 16 часот кобниот ден, од прострелна рана во челото, од непосредна близина. Но, при обдукцијата на телото на познатата пејачка, на подлактиците, надлактицата и рамото и се откриени други модринки кои се појавувале во различни периоди, но не влијаеле на нејзината смрт и не е утврдена нивната причина.

Со токсиколошко-хемиската анализа е утврдено дека Ксенија Пајчин имала присуство на 1,01 промили алкохол во крвта, додека со анализата е утврдено присуство на метаболити на кокаин во урината, содржината на желудникот и другите органи. Исто така, обдукцијата на Филип Каписода, кој ја уби Ксенија, а потоа си пукаше во глава и се самоуби, покажа дека во крвта и урината му е откриено присуство на кокаин.

“Тоа што се пронајдени траги од метаболити на кокаин во органите – мозокот, црниот дроб и други, објаснува нашиот соговорник, значи дека покојната пејачка не земала кокаин непосредно пред смртта, туку дека го конзумирала. Во текот на истрагата за делото, иако од првиот момент беше јасно дека се работи за убиство и самоубиство, за да се отстранат сите сомнежи, од Ксенија Пајчин и одземена е парафинска ракавица, како и од Каписода, која веднаш била осомничен за пукање. На дланката од левата рака по пукањето биле пронајдени траги од барут, како и на десната и подлактицата. Кога би го реконструирале злосторството, тоа би значело дека најверојатно стоеле лице в лице и дека таа најверојатно ја подигнала левата рака во одбранбен став кога Каписода го вперил пиштолот во неа”, објаснува соговорникот на „Курир“.

Можеби ќе ве интересира: