Балканленд

Посмртните останки на Џеј Рамадановски пренесени во друг гроб

Ковчегот со телото на Џеј Рамадановски е преместен од гробот во Алејата на заслужни граѓани на друго гробно место, но со согласност на семејството.

Причината е што гробницата во која почива Џеј мора да се реновира, па Новите гробишта донесоа одлука неговиот вечен дом да биде во истата алеја но сега покрај покојниот Шабан Шаулиќ.

Овие наводи ги потврди менаџерката и емотивна партнерка на Џеј, Андријана Томаниќ.

Таму течеше малку вода, па го обновуваат гробот. Сега е блиску до Мрка и Шабан. Сакавме и тој да биде на тоа место, но тогаш немаше можност. Сега ќе биде сам во гробот. – вели томаниќ.

Да потсетиме, Џеј почина на 6-ти декември 2020 година на 57-годишна возраст. Погребан беше на 11-ти декември на Новите гробишта.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....