Балканленд

Поздрав од Нови Сад: „Фрајле“ снимија преработка на „Јовано, Јованке“

Новосадската група „Фрајле“ неодамна влезе во студио и им даде нова музичка енергија на песните со кои живееме десет години, а кои, како што велат популарните новосаѓанки, ќе траат уште долго.

Една деценија од објавувањето на нивниот прв албум „Наш први албум са путовања“, фрајлите посегнаа по својата музичка ризница и избраа музички “скапоцени камења“ за да им дадат нов сјај. Неодамна влегоа во студио и во еден здив, во живо, со бендот испеаја 15 песни и го снимија нивниот нов албум „Поздрав из Новог сада“.

Невена, Наташа и Јелена снимија нови верзии од познатите песни „Љубав на дар“, „Мени требаш ти“, „Ночас си моје вино“, „Ко се то мени заљубио“, „Крени за мном“, „Ма дај лутко“, „Ма дај ми кукла“,„ Ich liebe dich“,„ Фина“,„Неволја“,„Све ја то знам“, „Кад се љубимо“, „Мрвице моје“,„Мењам дане“, и „Штиклице“.

Како бонус, „Фрајле“ ја снимија и македонската традиционална песна „Јовано Јованке“, која на концертите беше фантастично прифатена од публиката.

Албумот „Поздрав из Новог Сада“ не е единствениот новитет што Фрајле го подготвува за своите фанови во 2022 година. Моментално работат на новиот студиски албум од кој неодамна излезе синглот „Тамбураши“, кој ќе излезе во првата половина од годинава.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....