Познатиот српски пејач Амар Гиле Јашарспахиќ прави буквално се, го продава речиси целиот свој имот за да ја спаси својата мајка. Тој го продава својот стан во Белград, за да собере пари за лечење на неговата мајка Наџа. На неговата мајка деновиве е извршена трансплантација на бубрег во една болница во Истанбул и нејзината состојба засега е стабилна. За да и обезбеди се што и треба и да собере 50.000 евра за операцијата, неодамна продал недвижност во Тузла и тие пари ги пратил за трансплантацијата.
Бидејќи мајка му ја очекува долг процес на опоравување во болница, каде е веќе од минатата година, Гиле ќе мора да ја продаде и гарсоњерата во Белград. Засега нејзината цена е 50.000 евра. Пејачот со денови бил надвор од себе, бидејќи лекарите едвај успеале да пронајдат донатор за трансплантацијата. Сега се надева дека неговата мајка ќе се опорави. И самиот Гиле знае дека ситуацијата е сериозна.
Подготви: Редакција Музика24