Балканленд

Познатата балканска пејачка повторно во борба со тромбозата

Познатата балканска фолк пејачка Лепа Брена по втор пат боледува од тромбоза, дознаат балкански медиуми. Оваа дијагноза повторно и е потврдена од страна на позната клиника во САД, откако пејачката испратила своја крв за изработка на соодветните анализи.

“Направив анализи и ги пратив во Америка. Во споредба на анализите дојдовме до идентичен заклучок и во Белград и во Мајами, а тие велат дека тромбозата сум ја добила од голем напор. Сакав да издржам ист напор на 45 како кога имав 25 години. После тие проблеми одлучив, сепак да работам помалку”, ја пренесуваат изјавата на Брена српските медиуми. Таа откри дека пие лекови за разредување на крвта, секој ден. Наспроти овие големи стравови, Брена вели дека се труди да го одржи ведриот дух и расположение во секој момент.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: