Балканленд

Познатата хрватска дива Тереза Кесовија на свечен ручек со францускиот претседател Макрон

Како што пишуваат хрватските медиуми, познатата балканска музичка дива Тереза Кесовија денес е гостинка на свечен ручек со францускиот претседател Емануел Макрон, во хотелот „Еспланаде“ во Загреб.

Таа смета дека, најверојатно, нема да има многу време да разговара со францускиот претседател на свечениот ручек, но сепак подготвила неколку зборови, кои планира да му ги каже доколку и се укаже шанса.

„Нешто за неговиот нов мандат, во што цврсто верувам. Се надевам дека за време на новиот мандат ќе работи уште повеќе да ги зближи нашите два народа и нашите две земји. Мислам дека нема да има многу време да разговарам со него, но, дефинитивно, ќе го поздравам. Таму ќе биде и амбасадорот Вејзиер, кој ми е многу драг и му е пријател на претседателот“, изјави Тереза, која потоа беше прашана дали е возбудена поради средбата со Макрон.

„Предолго сум во тој свет. Запознав многу личности и никогаш не ме фасцинира она што тие го работат. Всушност, ме фасцинира човекот, а не неговата функција. Ако некој е човек, тогаш можете да говорите и за функцијата како нешто добро, квалитетно, благородно и успешно“, рече хрватската дива.

Кесовија е една од стотината гости што денес ќе се дружат со Макрон и тоа со добра причина. Имено, Тереза, освен во Хрватска, има изградено голема кариера и во Франција. Во 1999 година претседателот Ширак и додели „Витез“, орден на честа од областа на уметноста и книжевноста, а оваа година од Макрон доби уште еден златен орден за уметност.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....