Балканленд

Познати српски актери во главните улоги на биографската серија за Аца Лукас

Наскоро треба да започне со снимање серија за животот на Аца Лукас (52), наречена „Кафана на Балкану“. Се очекува најдоцна до наесен да падне првата клапа според сценариото напишано од Вања Булиќ, и според неодамна објавената автобиографија на Лукас.

Како што пишуваат српските медиуми, улогата на мајката на Лукас ќе ја игра Мирјана Карановиќ а Мима Караџиќ ќе биде таткото на Аца. Според извор близок до продукцијата, актерите за сите улоги се уште не се избрани, главните актери ќе бидат избрани до крајот на август, а останатите до средината на септември. Познато е дека заедно со Мирјана Карановиќ и Мима Караџиќ,  ќе се појават Вук Костиќ, Андрија Кузмановиќ, Каја Жутиќ и Ненад Јездиќ. Засега не се знае кој ќе биде режисер на серијата, постои можност тоа да биде Миша Вукобратовиќ или Душан Поповиќ. Се водат преговори со сериозни имиња, а целта е се да биде на највисоко ниво. Сепак до денес, никој од споменатите актери не се огласи за потенцијалните улоги.

Можеби ќе ве интересира: