Седумдесет и седум годишниот познат хрватски кантавтор Арсен Дедиќ, во текот на вчерашниот ден му се слошило и итно бил префрлен на Клиничката болница во Загреб, пишуваат хрватските медиуми. Тие додаваат дека по направените прегледи, Дедиќ бил примен на Интензивна нега во интерната клиника. Специјалистите се сомневаат дека станува збор за сепса, што во ситуацијата на пејачот со оглед на многубројните здравствени проблеми (пресаден црн дроб и терапија со имуносупресиви), се претпоставува дека имунитетет е сериозно загрозен. Тие најпрво се сомневаме во мозочен удар, но испитувањата и снимките не го докажале тоа.
После сите испитувања и снимки, специјалистите се сомневаат на сепса, а доколку тоа се потврди, тогаш пејачот Дедиќ ќе биде хоспитализиран на Интерната клиника каде ќе биде и лекуван. Што се однесува до здравјето и здравствените проблеми на хрватскиот кантавтор, во 2004 ж-та година во Падова му е пресаден црн дроб, а пред една ипол година имал незгоден пад и оттогаш му започнале проблемите со колкот. Според зборовите на неговата сопруга Габи, тој одел се потешко и болките му биле неподносливи. Поради тоа лекарите одлучиле дека треба да биде опериран, и пред две недели му бил вграден вештачки колк. Тие биле задоволни, бидејќи зафатот поминал без проблеми, а потоа требала да се следи рехабилитација за да може Дедиќ да застане на нозе, но неговата најнова состојба ќе го успори неговото закрепнување.
Подготви: Редакција Музика24