Балканленд

Интересно: Пред Брена, нејзиниот сопруг бил во врска со принцезата Дајана

Тврдењата на сопругот на Лепа Брена, поранешниот тенисер Слободан Живојиновиќ дека бил во врска со британската принцеза Дајана додека таа била мажена за принцот Чарлс стигнаа до британскиот печат и Боба, кој има 52 години, тврдеше дека нивната врската почнала на крајот на 80-те, кога принцезата го гледала како игра на Вимблдон, по што двајцата станале “екстремно блиски”.

Boba i princeza Dajana“Во првиот разговор таа ме праша дали сум тенисер со најбрз сервис и јас и кажав да. Потоа секогаш ме прашуваше како е сервисот, и потоа почнавме да се гледаме. Таа беше прекрасна жена. Со неа можев да зборувам за сите работи и дури малите работи беа фасцинантни. Не сакам да зборувам за детали, бидејќи таа веќе не е со нас. Можам само да кажам дека е одлично кога некој како неа ќе навива за тебе”, изјави Боба, кој прв пат се сретнал со Дајана во 1987 година на Вимблдон. Тој вели дека и неговиот најстар син Филип се сеќава на Дајана и дека не му верувал кога татко му го запознал и му кажал дека таа е принцеза.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: