Балканленд

“Империја” – промовирана македонската евровизиска песна (Видео)

Вечерва во специјална емисија на Македонската Радио Телевизија, беше премиерно претставена македонската евровизиска песна која ја исполнуваат Есма Реџепова Теодосиевска и Влатко Лозановски “Империја”, кои се всушност и наши овогодишни евровизиски претставници. Песната која е во етно-поп стил и која ќе ја претставува нашата држава во Малме, Шведска ја создадоа Симон Атанасов и Дејан Момировски кои се погрижија за музиката и аранжманот, додека за текстот се погрижи познатиот текстописец  Борче Нечовски.

Спотот кој имете можност да го погледнете во продложение, добива позитивни критики и многумина велат дека за разлика од минатите години, овој пат имаме и вистинска песна, изведувачи (дует) и видео спот. Музика24 стои зад Македонската Радио Телевизија и ќе информира за сите случувања кои се поврзани со евровизиското претставување на нашата евровизиска песна и изведувачи.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: