Балканленд

Прв албум на Миа Димшиќ „Монолог“ и на англиски јазик (Фото)

Новиот албум на Миа Димшиќ, една од најпопуларните млади кантавторки, насловен „Монолог“ (Monologue), како издание на Croatia Records, може да се слуша ексклузивно на стриминг платформите. Токму на својот роденден, Миа Димшиќ, ланската хрватска евровизиска представничка, го претстави својот нов албум, воедно и прв на англиски јазик. „Монолог“ ја носи талентираната пејачка и текстописец во ново светло, со песни на англиски јазик поддржани од добро координиран тим на автори, составен од Миа, Дамир Бачиќ и Вјекослав Димтер.

„Монолог“ е мојот прв албум на англиски јазик и остварување на голем сон. Сите песни на него се напишани во последните две години, но во мојата имагинација тој постои многу, многу подолго. „Монолог“ е именуван по неговата прва и последна песна, но и идејата дека секоја песна што ја пишувам е дел од мојот постојан внатрешен монолог. Некогаш е тажно и деструктивно, понекогаш еуфорично и наивно, понекогаш е сосема случајно, но на крајот на денот, се што е важно за мене е дека тоа е искрено. Се надевам дека тоа ќе го почувствуваат и слушателите“, вели Миа за албумот.

„Монолог“ веќе е достапен за слушање на сите стриминг платформи.

Можеби ќе ве интересира: