Балканленд

Рамбо Амадеус отвори дигитален музеј

Црногорскиот музичар и мултимедијален уметник, Рамбо Амадеус, го отвори својот долго најавуван дигитален музеј на платформата Patreon.

– „Фокусот е на материјалот што досега не е објавен. Со секој документ, фотографија, песна, видео, инсерт од концерт, ќе го најдете моето објаснување. Јас поставувам песна по песна, вклучувајќи ја и атмосферата од зад сцената од концертите. Откриен е толку многу материјал што ако ставиме нешто во музејот секој ден, ќе ни требаат неколку години додека не објавиме сè. Оваа работа бара посветеност и работа со полно работно време, така што членарината во музејот се плаќа. Доколку сакате да имате пристап до делот „галерија“, членарината е пет евра месечно, десет евра е цената за „приземјето“, а доколку сакате „ложа“, односно пристап до целосната архива, мора да одвоите 20 евра месечно. Од тој буџет плаќаме професионален архивист, а доколку надмине еден динар, ќе инвестираме во производство на нови, забавни и едукативни содржини. “ – вели Рамбо Амадеус.

Рамбо неодамна ја објави насловната песна на албумот во подготовка, „Ukus pobjede“. Тој најави и онлајн концерт од неговото студио, на 7-ми март, со наслов „Концерт за лажниот 8-ми март“.

 

Можеби ќе ве интересира: