Балканленд

Раста осуден на 1 година домашен затвор

Стефан Џуриќ – Раста денеска во Првиот основен суд во Белград постигна договор за признавање на вина за нелегално поседување дрога, што Стефан го склучи со Вишото јавно обвинителство во Белград. Тој беше осуден на домашен затвор, па ќе носи алка околу ногата една година

„Правдата е бавна, но остварлива. Сè помина добро, па затоа можам да им се заблагодарам на сите“, изјави Раста со насмевка.

Според законот, јавноста беше исклучена од ова рочиште, така што новинарите не можеа да присуствуваат. Рочиштето се одржа пред судија за претходна постапка кој потврдувајќи го договорот, изрече пресуда за раперот со казна што ја договорил со обвинителот. Според договорот што го склучил со Вишото јавно обвинителство во Белград, Раста признал нелегално поседување на повеќе од половина килограм сканк за лична употреба. Лицето со кое Раста беше уапсен, осуден е на една година затвор.

Можеби ќе ве интересира: