Балканленд

Раста подготвува филм за својот живот: Оваа актерка ќе ја глуми Ана Николиќ (Фото)

Стефан Џуриќ – Раста помина четири месеци во притвор во Централниот затвор – Белград за нелегално поседување дрога, и таму добил идеја да прикаже се што преживеал во животот на големото платно. Раста посочи дека ќе се игра самиот, додека актери за други улоги се уште се бараат.

„Додека беше во затвор, Раста започна да пишува автобиографија, која во моментов ја претвора во сценарио за филм. Смета дека во медиумите најчесто е претставен како насилник, наркоман, па реши да ја раскаже својата животна приказна. Филмот ќе го прикаже неговото растење во Белград, каде што дојде со своето семејство од Приштина, љубовта кон уметноста и музиката, почеток на кариерата, успехот, бракот, разводот. Тој го предаде ракописот на Димитрије Војновов, кој го заврши и го претвори во сценарио.“ – објаснува еден од соработниците на филмот.

Најверојатно, актерката Нина Јанковиќ ќе ја видиме во улогата на поп-ѕвездата Ана Николиќ.

„Раста разговараше со продуцентите и тие се согласија дека тоа ќе биде полн погодок. Како прво, затоа што физички многу личи на Ана. И двете се слични по висина и градба, Нина има светли очи како и пејачката. Допрва треба да контактираат со неа, но се надеваат дека ќе се согласи да игра во филмот.“ – додава изворот.

Раста во изјава за српските медиуми потврдува дека започнал да работи на филмот во кој ќе ја има главната улога.

„Во затвор, имав доволно време да размислувам за мојот живот, па дури и за минатото и иднината. Го напишав целиот албум таму, но и сценариото за филмот. Сфатив дека многу луѓе не знаат кој сум навистина, па решив да им го покажам тоа преку нови песни, но и филм. Засега можам само да ви откријам дека филмот ќе биде многу емотивен. Навистина се радувам на сето тоа, бидејќи тоа е нешто сосема ново за мене.“ – вели контроверзниот рапер.

Можеби ќе ве интересира: