Балканленд

„Рибља чорба“ претстави 6 нови песни од престојниот албум (Видео)

На почетокот на 2022 година, рок групата „Рибља чорба“ во своето студио во Белград, пред екипата на „Спутњик“ претстави дел од песните што треба да се најдат на претстојниот, сè уште неименуван 21-ви студиски албум. Тоа ќе биде првиот што ќе излезе по смртта на басистот Миша Алексиќ. Станува збор за шест песни: „Две гитаре“, „Очи малог пса“, „Дубока држава“, „Кад бих се родио опет“, „Парада“ и „Заиста не волим што старим“. Според фронтменот Бора Ѓорѓевиќ, албумот требало да се вика „Dance Macabre“ („Танц на смртта“) или „Смрт во 10 лекции“.

Се откажав од спомнувањето на смртта, иако албумот е тежок и црн како времето во кое живееме. Би можело да се нарече „Две гитаре“, по песната за која музиката ја направи Миша. Во текстот ги споменувам Синиот воз, Советот и Љубљана, асоцијации со болеста и смртта на Јосип Броз Тито. Во еден стих пеам: „Испрати го моје тело испратите у чачак, у србији, у Љубљани оставите срце, да буде ту“. Напишав црн текст, му го испратив на Миша на кој му се допадна и тој ја напиша музиката. – вели бора.

Песната „Две гитаре“ беше премиерно изведена во живо на концертот „Рибља чорба“ на стадионот „Ташмајдан“, на 16-ти август 2021 година, посветен на ко-основачот на бендот Алексиќ, одржан на денот на неговото раѓање. На „Таш“ беше пуштена и песната „Очи малог пса“, но за албумот се планира поинтимна верзија, со пијано, акустична гитара и жици.

Музиката за „Дубока држава“ ја компонираше тапанарот на „Чорба“, Вицко Милатовиќ, а Бора меѓу другото го споменува и банкарот Рокфелер, кој почина на сто и неколку години, а претходно имаше девет трансплантации на срце. „Кад бих се родио опет“ е песна со средно темпо, на музика на клавијатуристот Никола Зориќ, во која Бора, во тажен осврт на својот минат живот, признава дека „пак би газел, но би внимавал да не повреди некого“. За трогателната љубовна песна „Заиста не волим што старим“, Ѓорѓевиќ изјави дека сите плачат кога ќе ја слушнат.

Бора најави и дека новиот албум  ќе биде придружуван од уште еден наречен „И тако даље“, на кој ќе се најдат некои песни на кои нема место и концептуално не одговараат на моментално неименуваното главно издание. Една од песните што веројатно ќе се најде на албумот е антивоената „Парада“.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....