Балканленд

Родителите и се бесни на Џејла за односот со Марија Шерифовиќ

Марија Шерифовиќ воопшто не е возбудена, ниту шокирана, бидејќи “Курир” ги откри сите детали од нејзината блиска врска со Џејла Рамовиќ, но затоа семејството на нејзината штитеничка, како што дознаваме, е бесно.

Откако вчера објавивме сè што победничката на Евровизија и младата пејачка криеја од јавноста, ,настана хаос во домот на семејството Рамовиќ во Горажде. Родителите со неверување ги прочитаа натписите за што не знаеа ништо од односот помеѓу нивната ќерка и нејзиниот ментор. Беа лути и бесни, побараа од Џејла објаснување, но таа ги убеди дека е блиска со Марија како пријател и дека нејзината љубовна врска ја прават љубоморни колеги од натпреварот на “Sвездите на Гранд”. Цело време им велела дека кандидатите со кои се натпреваруварувала не можат да го поднесат нејзиниот успех, па се обидуваат да и наштетат со вакви приказни, невистини.

Како што дознаваат српските медиуми, семејството на Џејла исклучително ја цени и почитува Шерифовиќ, тие се благодарни за сè што направила за нивната најмлада ќерка, но информациите дека Џејла и нејзиниот ментор имаат нешто повеќе од пријателство им бил удар. На Џејла и ставиле јасно до знаење дека ја прифаќаат Марија исклучиво како нејзина пријателка и колешка што и помага во кариера и ништо повеќе од тоа.

Извор близок до Рамовиќ вели дека на Џејла, најважно и е што нејзииот татко и мајка мислат и да бидат смирени, па ги убедувала на сите можни начини дека никогаш не би си дозволила такво нешто и дека има момче, со кое наскоро ќе ги запознае. Таа истакнала дека Марија е нејзина поддршка и помош во врска со нејзината кариера и школување. Им признала дека отишла во станот на Шерифовиќ, но ги уверила дека никогаш не спиела.

Можеби ќе ве интересира: