Балканленд

Романтичните „Црвена јабука“ со песна за „Први плес“

„Црвена јабука“ објави нов сингл и спот „Први плес“ од нивниот актуелен албум. „Први плес“ е и последниот сингл од албумот „Нека нова јутра“ објавен минатата година. Неуморните Жера и авторската екипа предводена од Мирко Шенковски – Џеронимо го привршуваат снимањето на новиот студиски албум.

„Први плес“ е песна која многу младенци ќе ја посакаат на својата свадба, бидејќи како првиот бакнеж, првата љубов и првиот танц на младенците, тоа е нешто што никогаш не се заборава. Песната ја напиша Мирко Шенковски – Џеронимо, кој го потпиша аранжманот заедно со Жера, а спотот во режија на Далибор Мрдиќ е снимен на вистинска свадба.

Жера веќе следниот месец го најавува новиот албум „Миришу јабуке“, а паралелно со промоцијата на новиот албум, „Црвена Јабука“ продолжува со голема турнеја низ регионот, одбележувајќи четириесет години исклучителна кариера.

Можеби ќе ве интересира: