Маја Оџаклиевска вчера вечер на српскиот избор за песна на Евровизија настапи со песната “Анџео с неба” и покрај тоа што нејзиното здравје е навистина лошо, за што веќе пишувавме. Оџаклиевска пробала композицијата на Никола Буровац да ја препушти на младиот колега Ненад Цвјетиќ, но челните луѓе на РТС буквално ја натерале Маја да се појави на изборот на Српскиот претставник за Евросонг.
“Не ги слушаа нејзините молби за да се повлече, бидејќи Цвјетиќ не им одговарал како пејач, бидејќи издавал за конкурентската “Сити Рекордс” на Пинк тв, со која одамна се во “војна”. Вршеле голем притисок на Оџаклиевска, покрај тоа што знаеле дека три месеци има јак ларингитис, вирусот од синусите и се спуштил во грлото. Нејзиното здравје е загрозено, имало периоди кога не можела ни збор да изусти, а силната терапија со медикаменти не ги дава посакуваните резултати за подобрување на ситуацијата. Маја Оџаклиевска е буквално уценета да учестува на “Беосонг”. Но сепак имале малку разбирање и и дале олеснување, да не присуствува на пробите, да се одмора, а додека е на сцена да седи.
“Предложив на луѓето од мојата матична продукција на “Беосонг” да ме замени Цвјетиќ, бидејќи не можам да го дадам својот максимум. Но тие не сакаа и сакаа јас да настапам. Како долгогодишен соработник на РТС ќе се појавам и по цена лошо да звучам”, изјавила неколку дена пред настапот Маја Оџаклиевска за српски медиум.
Подготви: Редакција на Музика24