Српската пеачка Милица Павловиќ со гостувањето во емисијата “Тачно у поподне” на телевизија Пинк, откри дека е обичен студент, дека воопшто популарноста не ја променила. Милица раскажала и за полагањето испит на “Megatrend”.
“Никој таму не ме познава. Пред некое време имав испит, срам ми е да кажам кој предмет беше. Во врска е со јавната работа. Отидов со знаење од средно училиште, го знам јас тоа, тоа мене ми е познато нема потреба да учам. Професорот ги поставува прашањата, јас одговарам глупости. Го поставува второто прашање, јас го давам одговорот и мислам дека веќе имам седмица, го поставува третото прашање за кое не го знаев одговорот, и професорот ми вика: Колешке, се е тоа прекрасно, но тоа ви е знаење од основно училиште, така да се гледаме во следниот испитен рок. Пријатно”, раскажала Павловиќ своја случка од факултетот. Атрактивната пеачка се шегувала и дека сака и момци и девојки и дека е во потрага по истите. А во еден момент отишла до толку далеку што успеала да каже дека му направила дете на Никола Ковач.
Подготви: Редакција на Музика24