Балканленд

Сараевскиот волшебник објави две нови песни (Видео)

Сараевскиот музички волшебник реши да ја израдува својата верна публика со две нови песни, сè за дополнително да ја наелектризира и онака вжештената атмосфера во пресрет на претстојните концерти.

Дино Мерлин, доследен на себе и на својата нежна уметничка душа, во пресрет на продолжението на сензационалната турнеја „Ми“ по арените во Белград, Загреб, Скопје и Цирих, го заокружува својот музички опус со видео спотови за две нови песни. „Skoro će zima“ е нова балада од неговата креативна работилница, а воедно го објави и дуетот „Ne radujemo se“ со белградскиот мултиинструменталист Марко Луис. Двете песни ќе бидат премиерно изведени во живо на првиот од четирите распродадени концерти во Белград.

Драги мои пријателки, пред вас штотуку се појавија две убавици, две сестри близначки. Еден со Марко, еден со мене. Иако секој спот може да изгледа како да раскажува своја приказна, се чини дека е една приказна. За нашите животи, за нашите љубови, среќа и разочарување. за сè низ што поминуваме сите заедно во нашите животи. Се надевам дека уште долго ќе ги пееме заедно. – изјави мерлин.

Можеби ќе ве интересира: