Балканленд

Сараево во знакот на „Црвена јабука“: Отворена голема изложба по повод 35 години од основањето (Фото+Видео)

Сараево вчера беше во знак на „Црвена јабука“. Во улицата Штросмаерова беше отворена мултимедијална изложба со наслов „Црвена јабука: За све ове године“, по повод 35-годишнината од постоењето на една од најпопуларните поп и рок групи во регионот. Изложбата е реализирана со помош на Сараевскиот музеј, а автор на проектот и на изложбата е Амина Абдичевиќ.

“Целта на оваа изложба е да се промовира сараевската музичка сцена и Сараево, кое во својот златен период, 80-тите, беше регионален музички центар. Сараевчани во Декември 2018 година тука ја поставија и изложбата „Кемал монтено: “једне ночи у децембру“. со која ја одбележа 70-годишнината од големиот кантавтор, а оваа година го славиме големиот јубилеј на „Црвена јабука“. Посетителите ќе можат да го видат нивното патување од самиот почеток до денес. Изложбата требаше да се реализира лани, но пандемијата не спречи, требаше долго време, се требаше да се собере и архивира, но кога ќе се види крајниот производ, драго ни е и среќни сме”, вели Амина.

На изложбата присуствуваше фронтменот Дражен Жериќ – Жера, кој не го криеше задоволството од успешниот крај на годината. По одличните концерти во Лисински и Сплит, изложбата посветена на бендот е навистина најдобриот подарок на градот чии улици се опеани во многу од нивните песни. Музичкиот дел од свеченото отворање на изложбата им припадна на помладите, па тинејџерите собрани во групата „Јутро“ потсетија на големите хитови на „Црвена јабука“.

„Црвена јабука“ вчера исто така ја промовираа својата најнова песна „Булевар калдрма“.

Можеби ќе ве интересира: