Балканленд

Ексклузивно: Саша Ковачевиќ ќе снима видео спот во Охрид

По многубројните преубави познати светски дестинации на кои досега познатиот српски поп пејач Саша Ковачевиќ сними спотови, во краткото интервју вчеравечер за специјализираниот македонски музички портал Музика24 Ковачевиќ изјави дека во текот на следниот месец тој ќе гостува во Охрид каде што ќе има свој настап во една од летните дискотеки, а истовремено, тој период ќе го искористи заедно со својата екипа да сними видео спот за една од неговите песни кои што ќе се најдат на неговиот нов албум, кој како што изјави пејачот би требало да излезе во текот на месец септември.

“Планираме следниот спот што ќе го снимаме да го снимиме во Охрид. Се надевам дека ќе успееме да ги завршиме аранжманите и се она останато околу новите песни и верувајте премногу би сакал новиот спот да го снимам токму кај Вас во Охрид”, изјави Саша Ковачевиќ за музичкиот портал Музика24.

Sasa Kovacevic_Pivofest 2015Инаку, вчеравечер познатиот српски пејач го “запали” Прилеп на својот концерт кој го оддржа пред многуилјадната публика, а воедно со тоа и заврши официјалниот дел од големиот музички спектакл “Пиво фест” од првата вечер. Фестивалот на пивото продолжува и во наредните три дена кога ќе настапат голем број на познати македонски и балкански музички имиња.

Подготви: Иван Јосимовски

Фото: Музика24

Можеби ќе ве интересира: