Балканленд

Саша Ковачевиќ со големи концерти во Австралија (Фото)

Изминатиот период познатиот балкански поп пејач Саша Ковачевиќ ја одржа долгоочекуваната и најавувана турнеја во Австралија, Мелбурн и Сиднеј. Како што велат македонските тамошни медиуми, концертите биле преполни, а публиката во еден глас ги пеела најголемите и најпознати хитови од овој згоден и надалеку познат пејач. Првиот концерт се случил на 6-ти октомври во Мелбурн, а вториот ден потоа на 7-ми октомври во Сиднеј. И Ковачевиќ не би бил тоа што е ако после секој концерт не посвети внимание и време за своите верни и големи фанови. Тој после концертите се фотографирал со секој негов фан и секој го сакал да има фотографија со него.

Освен концертите кои освен напор претпоставуваме за него биле и големо задоволство, тој барем накратко нашол време да го прошета градот, местото каде што се наоѓа и секако сето тоа да го фотографира и овековечи на социјалните мрежи. Во продолжение да не бидат овие зборови напразно кажани, погледете дел од фотографиите до кои дојде Музика24 од свои извори, Саша Ковачевиќ во Австралија.

Задоволни неговите менаџери во Австралија му закажале повторна турнеја следната година. Речиси сите биле задоволни од неговите настапи и концерти, како фановите и обожавателките, така и самиот Ковачевиќ кој заедно со нив уживал на сцената. За жал овој популарен пејач периодов нема настапи во нашата Македонија, но затоа за сите вас кои не читате во европските земји, таму сте на привремена работа, студенти или едноставно го живеете својот филм, доколку сте фан и сакате да ве забавува токму тој, а се наоѓате во тој град или место каде што Ковачевиќ има свој настап и концерт, слободно уживајте и предадете се на забавата.

А Саша Ковачевиќ следниот период ќе настапи на следните места и градови ширум Европа:

21.10. Цулемборг – Холандија – Center Culemborg
27.10. Виена – Австрија – Box
10.11. Крањ – Словенија – Disco Planet
11.11. Марибор – Словенија – Disco Planet
24.11. Цеље – Словенија – Dvorana Golovec
25.11. Штудгарт – Германија – Metropola
09.12. Салзбург – Австрија – Triebwerk

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: