Балканленд

Саша Ковачевиќ во Тајланд, одмора и снима видео спотови

Балкански познатиот можеби и најзгоден пејач на музичката сцена, Саша Ковачевиќ веќе подолго време се наоѓа во Тајланд. Тој освен што се одмора и ги полни своите батерии за претстојниот летен период каде има голем број на настапи и концерти, заедно со дел од својата екипа снимаат неколку видео спотови за новите песни кои треба да излезат во идниот период, а ќе се најдат на неговиот трет албум кој тој планира да го издаде кон средината на месец мај.

“Снимаме спотови на повеќе локации, а и Тајланд е во опција, па својата публика освен со албум ќе ја израдувам и со нови спотови. Се надевам кон средината на месецот мај”, вели Ковачевиќ. Покрај снимањето на видео спотови во Тајланд, познатиот пејач видео спотови ќе снима и во Дубаи, како и во Црна Гора.

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 дознава дека по издавањето на новиот албум, Саша Ковачевиќ ќе одржи голема балканска турнеја меѓукои во неговата агенда се споменува и голем концерт во Скопје во спортската арена “Борис Трајковски”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: