Балканленд

Се именуваа по песна на Жељко Самарџиќ, а сега снимија песна со него (Видео)

„Tebi jedna meni dve“ е новиот хит на Жељко Самарџиќ, една од најголемите музички ѕвезди на Балканот и хрватскиот бенд „Љубавници“, кој е познат по тоа што лесно ги освојува срцата на слушателите и топ листите. Песната е напишана на релација од Белград, преку Загреб, се до Макарска ривиера и не случајно ја снимиле заедно.

Сето ова веќе беше напишано во ѕвездите, бидејќи „Љубавници“ е именуван по песна на Жељко Самарџиќ. Сонот се оствари! По многубројните заеднички средби на концертите на кои настапуваа, дојде до оваа соработка која сигурно ќе ја освои Хрватска, но и регионот.

Песната е напишана од хитмејкерот Драган Брајовиќ – Браја, еден од најважните автори во регионот кој досега соработувал со бројни ѕвезди, од Сека Алексиќ и Драгана Мирковиќ, преку Аца Пејовиќ, Жељко Самарџиќ и Ана Бекута, до Наташа Беквалац и моментално најпопуларната во медиумите, Александра Пријовиќ.

„Дуетот со Жељко Самарџиќ е важен чекор во мојата кариера, но и во кариерата на овој бенд. Сето тоа ни дава крилја за понатамошни предизвици, успеси и многу нови концерти“, изјави Марио Регеља, фронтмен и автор на песните на „Љубавници“.

Видеото кое летово се снимаше на Макарска ривиера каде се случи новата средба меѓу бендот и Жељко, го сними Лука Гргас.

Од една страна шармантниот заводник Жељко Самарџиќ кој своевремено го доби прекарот „пола маж, половина осми март“, а од друга страна Љубовниците и куп обожавателки на кои им застанува здивот штом ги видат овие згодни млади момчиња на сцената. Дали може да има подобра комбинација? А кој доби еден, а кој два погледнете во видеото.

Можеби ќе ве интересира: