Балканленд

Се огласи Рамбо Амадеус: Вистина е, позитивен сум на коронавирусот (Фото)

Шпекулаците дека Рамбо Амадеус е позитивен на коронавирусот и дека е во болница се вистинити, по тој повод се огласи и музичарот. Имено, тој на својот Фејсбук објави дека е позитивен на вирусот и апелираше до луѓето да ги почитуваат мерките со цел да се заштитат.

“Почитувани обожаватели, само без прекумерна возбуда и паника, вистина е дека и Царот е позитивен на коронавирусот. Короната демне, не бира, сече безмилосно и почитувани колеги, но, колку е поголема трагедијата и опасноста, мора да биде повисок моралот. Во врска со ова, ви ветувам дека концертот, со ова неопходно задоцнување, сигурно ќе биде уште повозбудлив и поинтересен, со должна почит кон сите оние што ја загубија битката со короната. Музиката не е забавна за мене или за моите колеги, туку неопходен сегмент од животот. Затоа, најдобриот начин да ме поддржите е да се држите на растојание и да носите маска и да аплицирате за вакцинација”, напиша Рамбо Амадеус на својот Фејсбук профил.

Можеби ќе ве интересира: