Во интервју за Story.hr Здравко Чолиќ зборува за своето семејство. На прашањето дали е тешко да се биде негова сопруга, тој вели:
“Веројатно е! Но ние бевме заедно многу долго пред да станеме родители и да стапиме во брак. Сандра ме познава многу добро, знае каков сум и ја разбира мојата работа и луѓето околу мене, никогаш премногу не се мешаше во тоа, особено откако децата се тука бидејќи ја окупираат 24 часа дневно”, изјавил Чолиќ. А на прашањето дали ќерките го подмладуваат, тој додава:
“Особено помладата, не можам да го издржам нејзиното темпо. Постарата има 13 години и таа е повлечена и своја но помладата која има само 8 има енергија за тројца!”, додава пејачот. Во интервјуто за story.hr, најголемиот балкански заводник не пропушта да спомене дека го плашат идните додворувачи на неговите ќерки, Уна која има само 13 години и лана со само 8 години.
Подготви: Редакција Музика24