Балканленд

Се распадна легендарниот хрватски бенд „Прљаво казалиште“

Како што пишува „Јутарњи лист“, хрватската рок група “Прљаво казалиште” се распадна по 45 години постоење на регионалната музичка сцена. Имено, главната причина поради која легендарната група ќе се распадне се несогласувањата меѓу основачите – пејачот Јасенко Хоура и тапанарот Тихомир Филеш.

Наводно, тие не се во добри односи и веќе не разговараат, а се спомнуваат и можни тужби. Проблемите настанале кога Хоура почнал да работи на самостојни проекти под името “Прљаво казалиште”, кои Филеш решил да ги забрани.

Како потсетување, оваа хрватска група настанала во 1977 ходина, под силно влијание на панкот како музички жанр. Првично, тие настапувале во музичкиот состав Цифершлус, во кој свиреле Даворин Боговиќ, Зоран Цветковиќ, Нинослав Храстек и Тихомир Филеш.

Откако им се придружил и Јасенко Хоура, тие го смениле името во Прљаво казалиште, а за името на групата се инспирирале од една епизода од стрипот „Алан Форд“.

Во 1985 година, Младен Бодалец ѝ се придружил на групата и го зазел местото на Даворин Боговиќ.

Можеби ќе ве интересира: