Балканленд

Сека Алексиќ под истрага поради скапоцениот автомобил

Откако неодамна Хрватска се затресе поради неплаќање данок од страна на хрватските пејачи, како да се чинеше дека и во Србија истиот случај не е цвеќе за мирисање, па пред извесно време е започната постапка од страната даночната управа околу скапиот автомобил кој и беше поклонет на фолк пејачката Сека Алексиќ од страна на нејзиниот сопруг.

“Сега за сега проверуваме од каде е купена колата, бидејќи се работи за голема сума на пари околи 100.000 евра, но сепак ова е еден од многуте низа случаеви во естрадата така што не е ново ништо за нас”, изјави Лилјана Ковачевиќ директорка на даночната управа.

Одговор не добивме од Сека Алексиќ, но она што ни го потврди за нашиот портал е што нема ниту една “дамка” во плаќањето данок и сето тоа редовно го извршува. Дали станува збор за уште една мистерија или е нешто сосема поинаку само Сека Алексиќ може да знае.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: