Балканленд

Семејството ќе му ја исполни желбата на Масимо за последното испраќање

Музичарот Масимо Савиќ почина од рак на белите дробови на 23-ти декември, а комеморацијата ќе се одржи во петок на 30-ти декември во 11 часот во Хрватскиот народен театар во Загреб. Масимо ќе биде погребан во Задар, но се уште не се знае точниот датум на погребот.

“Желбата на Масимо беше да биде кремиран. Кога неговата сопруга Ени ќе ги има точните информации, ќе не извести и подоцна ќе дознаеме се за погребот. Комеморацијата во ХНК е договорена и сега се договараат сите детали. Тука дефинитивно ќе бидат неговите најблиски пријатели и бендот. Меѓу многуте музичари, сигурно ќе бидат Иво Попескиќ и Пеги Мартињак. Ќе настапат само инструменталистите затоа што се е наменето да биде инструментално, со оглед на тоа што Масимо беше „the voice“, така што нема да користиме друг”, изјави Лана Чулиг од издавачката куќа на Масимо.

Можеби ќе ве интересира: