Балканленд

Сергеј Четковиќ откажа концерт поради закани од Комитите

Популарниот црногорски пејач со српска адреса, Сергеј Четковиќ, мораше да го откаже својот настап кој требаше да се одржи во Никшиќ на 13-ти јули. Причина се заканите од црногорските националиситички групи или т.н. Комите, кои ги добивал преку социјалните мрежи.

Концертот беше по повод Денот на државноста, но е откажан откако патриотските здруженија го нарекува „четаљ“, предавник и слични обвинувања кои покрај на социјалните мрежи беа извикувани и на протесите во Подгорица. Слични активности на овие екстремистички и разгорени групи на омраза се обидоа да се спроведат и при посетата на познатиот поет Матија Бечковиќ во Никшиќ, но Бечковиќ не се поколеба во намерите да го посети градот.

Хонорарот предвиден за Сергеј ќе биде уплатен за лекување на лице кое собира пари за лекување.

 

 

 

Можеби ќе ве интересира: