Балканленд

Марија Шерифовиќ: Музика над корупцијата!

Поп пејачката Марија Шерифовиќ ја шокирала публиката кога на сцената на “Беосонг” се појавила со маица со натпис “Музика изнад корупције” (Музика над корупцијата). Шерифовиќ беше специјален гостин на финалната вечер на музичкиот фестивал “Беосонг” на овогодинешниот српски избор за песна на Евровизија. Марија ја изведе нејзината победничка песна “Молитва”, но и кога интерпретацијата е во прашање немаше изненадувања, но затоа со изгледот предизвика бројни рекации. Со појавувањето на сцена со маицата и натписот на неа, таа предизвика воодушевување кај публиката на друштвените мрежи, а многумина помислија дека оваа порака е наменета за организаторите на фестивалот.

“Некое прашање?!”, напиша Марија на својот фејсбук профил постирајќи ја фотографијата. Марија Шерифовиќ по се изгледа ја постигна својата цел, а ние може да се надеваме дека оние за кои е наменета веќе ја сфатија.

Можеби ќе ве интересира: