Балканленд

Шерифовиќ вети дека ќе се обрати поради дисквалификација на нејзината кандидатка Вања, па го избриша постот и замолче

Музичкото шоу „Sвездите на Гранд“ беше главна тема во јавноста претходните неколку дена, а гледачите се бесни затоа што Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана. Причината за тоа е што кандидатката ги поддржа негативните коментари на сметката на одредени членови на жирито на нејзиниот Инстаграм, поради што беше исклучена од понатамошното шоу

Во оваа прилика, досега се огласи само Ѓорѓе Дaвид и рече дека ја поддржува одлуката на продукцијата, додека останатите членови на жирито молчат. Ана Бекута и Снежана Ѓуришиќ не одговорија на пораките на новинарите, додека Саша Поповиќ не сметал дека е потребно засега да ја коментира ситуацијата.

Дури и менторот на Вања, Марија Шерифовиќ не сакала да коментира за исфрлањето на нејзиниот кандидат. Иако на почетокот сакаше, пејачката на крајот се предомисли. Имено, Марија на Инстаграм објави дека наскоро ќе разговара на оваа тема.

“Дозволете ми само да се разбудам и ќе ви кажам која е вистинската и единствена вистина во врска со дисквалификацијата на мојот кандидат”, напиша Марија, но таа ја избриша објавата и не се огласи повеќе.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: