Вчера вечер во популарната и доста гледана емисија “Ami G Show” гостуваше балкански познатата хрватска поп пеачка Северина. Таа во емисија со Огнен откри разни пикантерии за својата музичка кариера, приватниот живот и останатите случувања.
“Одлично се снаоѓам во улогата на мајка, прекрасно, детето ми е супер, тој е фантастичен и сите се добро!”, раскажала Северина низ смеење на водителот Огнен Амиџиќ. Таа воедно потврдила како дека таа и Милан се смириле, а потоа се расплакала. “Се сакаме и заедно сме. Нашата љубов никогаш не била доведена во прашање”, открила таа во текот на емисијата. Северина освен ова откри како се и е во втор план откако станала мајка, како ја следеле папараци додека таа во пченка била да се олесни, како и на кој начин дошла до сегашните хитови и албум… Да ве потсетиме, неофицијално, Северина доаѓа на концерт во Борис Трајковски на 13-ти април, каде ќе можете сите вие да ги слушнете во живо старо-новите песни од нејзините досегашни албуми.
Подготви: Дениза Илиеска