Северина и Милан Поповиќ повторно се заедно. “Се сакаме, заедно сме, нашата љубов никогаш не ни беше доведена во прашање”, изјавила хрватската пејачка Северина. Во интервјуто кое го дала за “Ами Џи Шоу” на телевизија Пинк, Северина отворено разговарала за нејзината моментална емоционална состојба и воедно признала дека со Милан се повторно заедно. Северина и Милан имаат едногодишен син Александар. Александар е најголема инспирација на тато Милан и затоа често донира парични сретства со кои се купува опрема за породилиштата. Милан досега има донирано повеќе од 1,2 милион евра. Северина и Милан се разделија минатата година, а се смирија на католичкиот Божиќ. Најпознатиот пар на Балканот и даде уште една шанса на љубовта.
Претходна објава