Балканленд

Слабиот вокал на Ивана и малите хонорари се причина за распадот на „Hurricane“ ?!

За распадот на групата „Hurricane“ се зборуваше долго време, а сега веста е потврдена и со официјално соопштение, иако членките на оваа група постојано ја демантираа оваа информација, тврдејќи дека одлично функционираат.

Според медиумските шпекулации, разделбата во групата започнала кога нивниот продуцент Зоран Милинковиќ повеќе не сакал да ги вложува своите пари во групата. Девојките најчесто пееле за 300 евра по настап, бидејќи им останало уште толку кога ќе им се одземат сите трошоци. Сања и Ксенија првично се согласиле на овој начин на работа, но кога менаџерот престанал да финансира, двете се побуниле против Ивана. Најмногу им пречеше тоа што за време на концертите, Ивана ги замоли Сања и Ксенија да пеат со неа, бидејќи таа е послаб вокал, поради тоа што нејзините вокални способности не и дозволуваа да изведува свои делови во песни. Вучиќ и Кнежевиќ сметаа дека не е во ред да пеат за 300 евра, колку што добива Ивана која најмногу игра и прави шоу, и дека заслужуваат повеќе.

Конфликтот меѓу девојките кулминирал со распадот на „Hurricane“. Потврда за ова е тоа што популарната тројка неодамна имаше три настапи за само еден месец, поради што Сања се пожали дека заработила само 900 евра, што е многу малку, имајќи предвид дека со договор била обврзана да настапува во разни емисии и да се појавува на разни места. Освен тоа, долго време размислувала дека како соло пејачка ќе заработи многу повеќе. Ист е случајот и со Ксенија.

Да потсетиме, медиумите уште во декември пишуваа дека бендот е пред распад, а Ксенија Кнежевиќ во тоа време им се пожалила на пријателите дека сака да ја напушти групата поради финансиите. Нивниот ПР тим тогаш го негираше тоа.

 

Можеби ќе ве интересира: