Балканленд

Словенија настапува со американска пеачка на изборот за песна на Евровизија

Иако Словенија не знаеше дали ќе настапи на Евровизија, сега повеќе нема размислувања. Словенија оди на Евровизија, но словенската претставничка не е словенка, а на тоа се појавија премногу критики, зошто токму Hnnah. Hnnah е пеачка со американско потекло, која има искуство со настапи по светските сцени како што се Radio City Music Hall, Universal Amphitheatre in The Tonight Show with Jay Leno. Hnnah досега има соработувано со словенски и странски пеачи. На Евровизија, ќе ја претставува Словенија со песната “Straight into Love”, песна со електронска музика со малку dubstep.

Овогодинешниот извор за евровизиска песна ќе се одржи од 14-ти до 18-ти мај во шведскиот град Малме. Првата полуфинална вечер ќе се одржи на 14-ти мај (вторник), додека втората на 16-ти (четврток). Hnnah ќе биде претставничка на РТВ Словенија која ќе настапи на првата полуфинална вечер. Во финалниот избор, што ќе се одржи на 18-ти мај, влегуваат 10-те најдобри претставници на своите држави од двете полуфинални вечери, додека “големата петорка”: Германија, Франција, Италија, Шведска и Велика Британија ќе им се придружат на финалистите. Водителка на сите три вечери, ќе биде комедијантката и телевизиска водителка Петра Меде.

За Музика24 од Словенија: Александар Бисачи – ПОП ТВ

Можеби ќе ве интересира: