Балканленд

Со Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин денес финишира “Пивофест 2015”

На денешниот последен официјален фестивалски прес, исто како и изминатите денови и денеска се направи мала ретроспектива на изминатата вечер, од која што може да заклучиме дека сите се задоволни. Одличната Неда Украден и Оливер Драгоевиќ беа шлаг на вечерта, секако да не го заборавиме и одличниот настап на нашиот македонски фолк пејач Наум Петревски.

Pivofest2015_Oliver Dragoevic Pivofest2015_Neda UkradenЗа оваа, за жал последна фестивалска вечер, на сцената пред многуилјадната публика ќе се појават Ален Хасановиќ, Гоца Тражан која што како што дознаваме ќе отпее неколку песни со малиот Трајче учесник во тв шоуто “Пинкови ѕвездички”, публиката ќе ужива и во модната ревија на Васидора, како и во одличниот, деноманалниот, легендарниот и секогаш позитивен Дино Мерлин кој како што кажаа водителите Жарко и Маријана, ќе пее повеќе од два часа, или едноставно ова ќе биде само мало потцетување на скопскиот концерт на Мерлин.

Точните бројки и статистика за она колку скара и пиво се конзумирале во текот на овие четири дена, Градоначалникот Ристески ќе ги соопшти во текот на утрешниот ден кога ќе има и прес-конференција по тој повод.

Инаку, познатиот Дино Мерлин кој вечерва го затвора 13-то издание на најголемиот балкански “Пивофест” денеска со Градоначалникот на Прилеп заминаа во Крушево на вечното почивалиште на нашата голема македонска поп легенда Тоше Проески, каде Мерлин заедно со Гоца Тржан му оддадоа посебна чест. За време на посетата која поп пејачката Тржан ја доживеа многу емотивно, заплака, а веднаш потоа побара чаша вода да се смири од напливот на емоции, знаејќи дека таа заедно со нашиот Тоше многу одамна ја отпејаа позната песна “1200 милји” на македонски и српски јазик.

Dino Merlin_Goca Trzan

Вечерва се очекува градот да биде преполн и дури од следната година во игра влегува и опцијата познатиот Фестивал на пивото да се оддржува на некое поголемо место, но сепак, ова е само мал предлог или идеја која што незнаме дали воопшто ќе се реализира, нешто што само се спомена на денешната прес-конференција. По официјалното затворање на овогодинешното 13-то пивско фестивалско издание, Градоначалникот Маријан Ристески најави голем спектакуларен огномет.

Екипата на специјализираниот македонски музички портал Музика24 утре го напушта градот под Марковите кули со желба и надеж дека следната година, 2016-та овој голем Фестивал на пивото ќе собере уште поголем број на посетители и секако познати македонски, балкански и светски музички имиња.

За Музика24 од Прилеп: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: