Сите знаеме дека популарната српска фолк пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ има одлично тело, но дека со само една постирана фотографија ќе ги “запали” социјалните мрежи, никогаш немаше да претпоставиме. Имено, познатата пејачка на своите профили на Инстаграм и Фејсбук, неодамна споделила фотографија во која што позира во костим за капење. Овие фотографии се случиле кога Цеца се одморала на Тајланд, а истовремено била ангажирана и како заштитно лице на една позната марка за костими за капење.
Таа и покрај тоа што има 42 години изгледа совршено и очигледно сеуште јавноста е заинтересирана за нејзиниот изглед. Нејзините фанови по постирањето на фотографија, и дадоа одлични комплименти кои меѓудругото се и она дека таа изгледа подобро од кога било и дека таа е најубава пејачка на музичката сцена.
Подготви: Синиша Новевски