Младото и симпатично момче од Куманово Мартинијан Кириловски ќе настапи на овогодинешното 21-во издание на летниот музички фестивал “Охрид фест”. Тој ќе настапи на третата вечер односно поп вечерта која ќе се одржи на 22-ри август. “Восхит” е насловот на песната со која Мартинијан ќе се претстави пред охридската и македонска публика, како и пред светската публика која оваа година премногу многуте балкански и светски тв станици ќе го следат во живо фестивалот во своите земји.
Текстот за песната го напиша Огнен Неделковски, додека музиката и аранжманот се на Боби Серафимовски. Тој во разговор со екипата на специјалираниот македонски музички портал Музика24 изјави дека е среќен што ќе може да настапи на овој летен и интересен фестивал, а трема секако чувствува од онаа позитивната, бидејќи на овој фестивал ќе настапи за прв пат. Од својот настап очекува добро да се претстави пред публиката, а како што вели тој, најважно му е песната да биде прифатена од публиката, а за тоа дали ќе добие награда или не во моментот и не е толку важно.
Нашата екипа му посакува најдобро што умее и може да се претстави на претстојниот “Охрид фест”, а ние секако ќе бидеме дел од фестивалот и ќе му дадеме поддршка на истиот.
Подготви: Маргарита Робевска