Балканленд

Шокантно: Бомба за “Елитни Одреди”?!

Членовите на групата “Елитни одреди” биле во шок кога слушнале за пријава за бомба пред почеток на настап во босанскиот град Тузла. Еден час пред почетокот на концертот на сопственикот на дискотеката “Икстрим” му било јавено дека клубот е под експлозив и се чека на време кога ќе биде активиран.

“Неверојатно чувство! Полицијата и обезбедувањето го пребаруваа клубот, а евакураната група во непосредна близина ги скандираше нашите песни. За среќа се испоставило дека станува збор за лажна пријава за бомба. Подоцна се дознало дека во Тузла ова често се случува. Благодарение на експедитивноста на полицијата, концертот сепак е одржан”, изјавил менаџерот на “Елитни одреди” – Срџан Никодијевич.

Можеби ќе ве интересира: