Балканленд

Сопругот на Јелена Крсмановиќ доби 40 години затвор за убиството на пејачката

Зоран Марјановиќ е прогласен за виновен за убиство на неговата сопруга, пејачката Јелена Крсмановиќ – Марјановиќ. Тој е денска осуден е на 40 години затвор и определен му е притвор до правосилноста на пресудата.

Адвокатскиот тим на Зоран има право на жалба на пресудата до Апелација во рок од две недели, повисокиот суд потоа ќе утврди дали пресудата е донесена на законски начин. Исто така, Апелација има можност да ја укине пресудата и да ја врати на ново судење, да ја потврди или да ја намали казната што му е изречена.

За потсетување, пејачката Јелена Крсмановиќ беше брутално убиена на 2 април 2016 година на насипот во населбата Црвенка во Борча, каде дошла да трча со сопругот Зоран и ќерката Јана. Како што кажа тогаш Зоран, тој и ќерката Јана полека оделе зад Јелена на насипот покрај Дунав, а таа џогирала пред нив. Зоран се јавил на 192 околу 20:00 часот, три часа откако било констатирано дека пејачката е убиена, да го пријави нејзиното исчезнување.Следниот ден полицијата и го пронашла мобилниот телефон, а потоа и трака за коса. Недалеку од таму и од местото каде, како што рече, последен пат ја видел сопругот додека трчала, нејзиното тело е беше пронајдено во канал. Утврдено е дека била претепана до смрт, при што убиецот ја удирал по задниот дел од главата додека не се онесвестила. По убиецот се трагаше година и пол, а потоа Зоран беше уапсен во септември 2017 година и оттогаш тој е единствениот осомничен за ова дело. Обвинителството собрало докази и против него покренало обвинение, а тој цело време негираше дека ја убил сопругата.

Пресудата ја дочека мирно бидејќи како што кажа, вистината е на негова страна и се надева дека убиецот на неговата сопруга и мајката на неговата ќерка еден ден ќе бидe соодветно казнет.

Можеби ќе ве интересира: