Балканленд

Совршен крај на 13-то издание на Фестивалот на пивото – “Пивофест” во Прилеп

Изминатите четири дена Прилеп беше местото каде што се јадеше највкусната скара и се пиеше најдобро ладно и точено пиво. Изминатите четири дена во Прилеп се случуваше 13-то издание на Фестивалот на пивото “Пивофест 2015”. Изминатите два дена, односно, викендот Прилеп беше посетен од голем број на луѓе, како од Македонија, така и од соседните држави, а и регионот.

После одличните Саша Ковачевиќ, Љубојна, Слаткаристика, ЗАА, ДНК, Прљаво Казалиште, Неда Украден, Оливер Драгоевиќ… вчеравечер на последната фестивалска вечер чест прв да ја отвори имаше еден од нашите македонски претставници во тв шоуто “Ѕвездите на Гранд” Ален Хасановиќ кој со песните кои ги пееше само ја загреа публиката за што следеше, а веднаш потоа на сцената се појави одличната Гоца Тржан која пред настапот за музичкиот портал Музика24 изјави дека и покрај тоа што на неколку наврати досега има доаѓано во Македонија, во Прилеп е за прв пат. Ја сака Македонија, бидејќи нашиот македонски темперамент премногу и се допаѓа. Освен тоа, ја сака македонската кујна и при оваа посета во Прилеп имала можност да проба одличен прилепски специјалитет. Но за нејзиното гостување и интервјуирање во текот на следните денови. Насмеана, полнас со позитивна енергија, моќна… Гоца Тржан се појави на сцената каде започна со својот концерт пред публиката која што со нетрпение ја очекуваше.

Goca Trzan_PivofestВо меѓувреме се подготвуваа маникенките за делот каде што ќе се претстават модели од модната куќа Васидора, а и по овој интересен дел како за посетителите, така и за гледачите на националната Канал5 телевизија, следеше последната најава на водителскиот пар Жарко Димитровиски и Маријана Станојковска кои им се заблагодарија за присуството на сите оние кои дојдоа изминатите четири дена. Исто како што и започна, така Градоначалникот на град Прилеп го затвори овогодинешното издание на Фестивалот на пивото со ветување дека следната 2016-та година се ќе биде многу подобро, поубаво и секако со многу поинтересни и познати балкански и светски музички гости.

А веднаш потоа, на сцената следеше мега популарната балканска ѕвезда Дино Мерлин кој со својата појава ја крена публиката која едноставно знаеше што и како следи.

Dino Merlin_PivofestОва беше “Пивофест” и неговото 13-то издание. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 останува одличен соработник со општина Прилеп и со тимот кој секоја година го организира Фестивалот на пивото. Мило ни е што бевме дел од уште една успешна пивска приказна.

За Музика24 од Прилеп: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: