Балканленд

Срцето на Рајко Дујмиќ ќе продолжи да чука, семејството ги донираше органите

Семејството на познатиот хрватски музичар Рајко Дујмиќ кој вчера почина на 65-годишна возраст, одлучи да ги донира неговите органи и да спаси други животи.

Информацијата дека семејството Дујмиќ одлучило да ги подари неговите органи за медиумите ја потврди хрватскиот композитор Ненад Нинчевиќ, еден од најблиските пријатели на починатиот Дујмиќ.

“Тешко ми беше сите овие денови. Рајко имаше добро срце и мека душа… Бевме пријатели 35 години и никогаш не сме се скарале. Тој беше апсолутен позитивец, но повремено се самоуништуваше и тоа беше негова единствена маана. Семејството направи еден хуман гест кој и Рајко би го подржал. Тој не може да умре. Ќе живее низ песните и ете сега во некои други луѓе”, изјави Нинчевиќ.

Рајко минатата недела ја загубил контролата врз своето возило кај Равна Гора и слетал во бездна длабока 11 метри по што бил сместен во одделот за интензивна нега на Клиничкиот центар во Ријека. Погребот е закажан за следната седмица на гробиштата Мирогој во Загреб.

Можеби ќе ве интересира: