Балканленд

Српската пејачка Драгана Мирковиќ се расплаче пеејќи ја македонската народна песна “Зајди, Зајди” (Видео)

Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ неодамна успешно ја заврши својата голема турнеја низ Соединетите Американски Држави каде изминатиот период има одржано голем број на солистички концерти, а верувале или не, за секој нејзин концерт или настап секогаш се барало карта повеќе.

Драгана со својата публика и фанови во САД се дружеше три недели, а овие концерти кај неа оставија посебен емотивен впечаток, посебно поради податокот што после седум години пауза повторно се враќа и настапува во САД.

Низ социјалните мрежи нејзините фанови и присутната публика на концертите кои таа ги одржуваше, се споделуваа видеа од разно-разни песни од Драгана, познати хитови, кои за брзо време станаа вирални.

Но, на еден од концертите кога Драгана ја запееала македонската народна песна “Зајди, Зајди”, дури ни таа не останала имуна па емоциите ја совладале. Иако таа вели дека нема своја омилена песна, по се изгледа дека токму оваа е нејзината омилена. Освен пејачката, на видеото подолу се гледа како и дел од публиката емотивно делува и ги бришат своите солзи.

Се надеваме дека наскоро, во текот на оваа година ќе имаме можност да се дружиме со голем концерт на Драгана Мирковиќ во Скопје, но сепак, тоа го оставаме на продуцентските куќи кои многу добро ја работаат таа работа.

Можеби ќе ве интересира: