Балканленд

Судот ја укина забраната: Јасенко Хоура може да настапува како „Прљаво казалиште“

Вишиот стопански суд во Загреб донесе одлука со која ја укина привремената мерка против Јасенко Хоура и Младен Бодалац да не го користат името „Прљаво казалиште“.

Вишиот стопански суд ја промени одлуката на Стопанскиот суд. Укината е времената мерка. Нема веќе забрана за користење на името“, изјави адвокатот Тони Ноголица, кој го застапува Хоура.

И Хоура потврди дека ја добил истата информација.

Не сум човек со малку зборови, но сега не знам што да кажам. Вчера имавме концерт и разговаравме за се. Сето ова висеше над бендот, моравме да слушаме се и сешто. Сега би сакал да ги видам другите членови на бендот, не мора да зборуваме туку само да седиме во тишина. Нема лоша крв меѓу нас, но би било непријатно ако мораме да одиме со името хоура, бидејќи сите знаеме дека не сме „група хоура“ . Голема благодарност до сите организатори на концерти и настапи што направија дополнителна работа. – рече Хоура.

Да потсетиме, стопанскиот суд по барање на Тихомир Филеш, тапанар и менаџер на „Прљаво казалиште“, како сопственик на трговската марка, донесе времена мерка според која на Хоура и Бодалец не им беше дозволено да настапуваат под името „Прљаво казалиште“. Во спротивно им се закануваше парична казна а се до завршување на судската постапка. Поради тоа тие неколку концерти под името група „Група Хоура“.

Дали втората времена мерка ќе стапи на сила зависи само од мојот став за натамошниот тек на судскиот процес. Ова е само привремена мерка, а единствена важна е пресудата во посебен спор кој штотуку започнува пред истиот суд за заштита и повреда на сопственоста на мојот заштитен знак „Прљаво казалиште“. Впрочем, тоа е веќе во тек, па не можам да коментирам до неговото завршување. – изјави Тихомир Филеш.

Можеби ќе ве интересира: