Балканленд

Таткото на Марија Шерифовиќ ја поддржа врската со Џејла Рамовиќ: Таа има сè што ќерка ми сака од ПАРТНЕР

Се повеќе се шират гласини дека постои тајна врска меѓу пејачката Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ, која тие две ја чуваат далеку од очите на јавноста, а сега таткото на Марија, Рајко Шерифовиќ зборуваше за сето тоа. Хармоникашот вели дека имал можност да се сретне со Рамовиќ кога таа пеела со Марија на нејзиниот концерт.

Одамна е познато кој пол го сака мојата ќерка. Моето дете има право да прави што сака. Од моја страна, сè и е дозволено! Џејла беше на нејзиниот концерт во Крагуевац, таа е прекрасна девојка, ме воодушеви со своите манири, харизма и љубезност. Двете треба да бидат заедно, а најважно е што искрено се сакаат. Таа има сè што ќерка ми сака од партнер. Драго ми е што мојата ќерка е среќна, и во тој случај полот е најмалку важен – рече таткото на Марија, и додаде:

Не е важно дали ќе се ожени. Ова со Џејла е нешто посериозно, не е авантура и мислам дека треба да ја крунисаат врската со брак. Не ми е гајле кој што ќе каже, бидејќи и за мене се зборува дека сум коцкар и пијаница и слично, а тоа е далеку од вистината – рече таткото на Марија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: