Балканленд

Тереза Кесовија доби француски орден и промовираше нова песна на француски јазик (Видео)

Хрватската музичка дива Тереза Кесовија, синоќа во Загреб беше одликувана со француското одличје Витез од редот на уметноста и книжевноста​.

„Имам неброени признанија, но Франција е длабоко во моето срце затоа што сум таму од 1965 година. И тоа убавината на мојата професија на која и признат придонесот за заедништвото на двете земји. Доколку никогаш повеќе не добијам ниту едно признание, ова ми е доволно за цел живот“, порача Тереза.

Damir Krajač/Cropix
Тереза и нејзината најдобра пријателка и колешка Габи Новак (Фото: Damir Krajač/Cropix)

По доделувањето, Тереза на гостите премиерно им го претстави својот нов спот за песната „Kilimandjaro Sans Neige“. Се работи за продолжение песната „Ime te“, која ја напиша Аљоша Шериќ од групата „ПАВЕЛ“. Текстот на француски јазик го преведе, легендарниот француски шансониер Серж Лама, инаку близок и долгогодишен пријател на Тереза. Видеото е во режија на Катја Рестовиќ, а снимано е во Пула и Пореч.

Можеби ќе ве интересира: