Балканленд

Тончи Хуљиќ му посвети песна на внуката која ја очекува од Хана и Грашо

Реномираниот композитор и основач на групата „Магазин“, Тончи Хуљиќ и ја посвети новата песна „Baci oko na mene“ на својата внука која ќе се роди летово. Интересно е што една убава песна напишана на универзалниот јазик на љубовта е придружена со урнебесно видео во кое Тончи и неговата внука патуваат низ заедничката иднина. Така, низ сцените го следиме животот на дедото од вообичаеното нетрпение и исчекување пред породилната сала, играјќи си со внуката во предучилишна возраст, сè до нејзината полнолетност и првите љубови кои дедото се обидува да ги задржи под будно око. Во видеото Тончи Хуљиќ зборува на свој типичен самоироничен начин, шегувајќи се за себе, за својот зет и внуката.

Спотот е можеби една од моите „најлуди“ самоиронии, бидејќи во спотот се надевам дека ќе доживеам 85 години!“. – низ смеа изјави Тончи Хуљиќ.

Како и претходните видеа, и ова видео го режираше Тончи Хуљиќ со Војан Коцеиќ, а во продукција на Pilot Studio. Песната е сигурен хит кој ќе го продолжи успешниот пат на песните „Инаморана“, „Маре луда“, „Жај ми је“ и други од актуелниот албум на Тончи „Инаморана“. Тончи Хуљиќ и Хана Хуљиќ минатото лето ја воодушевија сплитската публика со првата поп-миса во светот „Mass of the Mediterranean“, а летово се подготвуваат да ја изведат пред загрепската публика.

Можеби ќе ве интересира: