Балканленд

Вчеравечер Брзата помош дел од “Пивофест”, пејачот на “Прљаво Казалиште” повреден (Фото)

Освен убавите работи кои што се случуваат деновиве во Прилеп на овогодинешното издание на “Пивофест”, вчеравечер се случи еден мал инцидент во кој што беше повреден пејачот на познатата рок група “Прљаво Казалиште”. Имено, по излегување на сцената пејачот сакајќи да биде поблиску до публиката, а невнимавајќи на сцената одеднаш падна од неа на што реагираше обезбедувањето кои му помогнаа на пејачот да стане и да го продолжи концертот. Како и секој професионалец, така и тој, го продолжи настапот како ништо да не се случило и се упати кон публиката пеејќи ги своите големи хитови.

Prljavo Kazaliste_povredaНо имајќи ги впредвид годините и падот кој се случи, од страна на организаторот беше повикана Брзата помош кои секогаш навремено ја завршуваат својата задача. Тие во бекстејџот го прегледаа пејачот, а потоа и му ја преврзаа левата рака со што по кратка пауза додека свиреше групата, тој повторно се врати на сцената и го продолжи својот концерт. Ова е доказ дека ѕвездите секогаш остануваат ѕвезди што и да се случи.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: